На новогодишната ноќ, одредени служби морат професионално да се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов и Претседателката на Советот на општина Радовиш Моника Ристевска, како дел од новогодишните активности ги посетија дежурните служби во Територијалната противпожарна единица, во Итната помош при Јавната здравствена установа и дежурните службеници од Одделението за внатрешни работи – Радовиш.
Во знак на благодарност и успешна соработка со ЕЛС општина Радовиш, и посакувајќи им што помалку активности во новогодишната вечер, на сите дежурни службеници Градоначалникот им подари паметни часовници.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови