ДЕНЕШЕН ДЕН 04 ДЕКЕМВРИ …

1642.- Умре Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбивал заговорите на племството и го зацртувал кралскиот апсолутизам. Роден е на 5 септември 1585 година.

1679.- Умре Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Тој е творецот на теоријата “Човек на човек е волк”. Најпознати му се делата “Левијатан” и “За политичкото тело”. Роден е на 5 април 1588 година.

1798.- Умре италијанскиот лекар и научник Луиѓи Галвани, кој во 1789 година го пронајде галванскиот електрицитет и го нарече „животински магнетизам“. Неговото име го носат многу инструменти и ознаки во електромагнетизмот и во електрониката воопшто.

1875.- Во Прага е роден Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. Негови познати дела се “Нови песни”, “Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристофер Рилке”, “Сонети за орфеј”, “Записите на Малте Лауридс Бриге” и други. Умрел во Швајцарија, на 29 декември 1926 година.

1892.- Роден е Франциско Франко, долгогодишен диктатор на Шпанија. Роден е во офицерско семејство и ја продолжува семејната традиција. Во 1939 година го воспоставил режимот кој траеше се до неговата смрт во 1975 година. Иако кралот Хуан Карлос набрзо го воведе демократскиот систем, основниот тек на Франконовиот систем се покажа како голема витална и популарна шпанска монархија.

1893.- Во Загреб е роден Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Негови значајни дела се стиховите “Судете ме”, “По новиот пат”, “Тонкината единствена љубов” и други.

1912.- По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишаа примирје со Турција.

1922.- Роден е францускиот филмски и театарски актер Жерар Филип. Во театарот  со огромен успех ги игра главните ролји во драмите на Вилијам Шекспир, Албер Ками, Пјер Корнеј, Хајнрих фон Клајст, Алфред де Мисе. Филмови: „Ѓавол во тело“, „Фанфан Лала“, „Убавица во ноќта“, „Црвено и црно“, „Големи маневри“, „Идиот“, „Опасни врски“, „Господин Рипо“.

1945.- Во Пасадена, Калифорнија, умре Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини. Во 1933 година ја добил Нобеловата награда за откритието во врска со функцијата на хормозомите во пренесувањето на наследните особини. Роден е во Легсингтон, Кентаки, на 25 септември 1866 година.

1976.- Умре англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Дела: оперите „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композициите за оркестар „Пролетна симфонија“, „Варијации на тема Франко Бриџ“.

1977.- Диктаторот Жан Бедел Бокас на церемонијата, која чинеше четвртина од националниот производ на земјата, сам се круниса за цар на Централноафриканското царство.

1981.- Во Риека умре Муртеза Пеза, раскажувач, романсиер и драмски писател од албанска националност во Македонија. Автор е на збирките „Дали ќе се вратиш“, „Скалите на Кел“ и на романите „Мејруша“ и „Во мојата улица“. Роден е во Елбасан, Албанија, на 20 јуни 1919 година.

1993.- На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи “Св. Софија”, во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква.

1995.- Во Скопје умре Петар Глигоровски, македонски академски сликар и автор на анимирани филмови. Роден е во Скопје, во 1938 година.

1996.- Во Скопје умре Крум Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден е во Скопје, во 1917 година.

1997.- Во канадскиот главен град Отава претставници на 121 држава потпишаа историски договор за забрана на противпешадиски мини, но повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, одбија тоа да го сторат.

2013.- На 88-годишна возраст во Марсеј почина Жан-Клод, творецот на најпопуларниот безалкохолен пијалак во светот по американската „Кока Кола“, француската „Оранжина“. Пијалакот содржи концентрат од портокал, газирана вода и малку етерично масло.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза