ЖЕНИТЕ ОД КОНЧЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ЖЕНСКА АКЦИЈА“ ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗЛАТКО РИСТОВ

Градоначалникот на општина Конче  Златко Ристов се сретна со жени од село Конче со кои Здружението „Женска акција“ од Радовиш веќе неколку години наназад работи на јакнење на капацитетите на жените за нивно поактивно учество во процесите на планирање, буџетирање и одлучување на локално ниво.

Пред градоначалникот беа презентирани проблемите и приоритетите кои беа утврдени преку партиципативно истражување и средби со жени од Конче, групирани според дејности. Целта на овие заложби на жените е да направат промени во својата заедница и да го подобрат животот на жителите особено на жената која секојдневно е соочена со големи предизвици.

Се очекува дел од овие предлози да бидат разгледани од надлежните служби во општината и истите да бидат инкорпорирани во Програмите и Буџетот на општината за 2022 година.

 

 

 

„Женска акција“

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза