КАЛЕНДАРСКИ ЗАПОЧНУВА ЗИМАТА – почнува зголемувањето на денот

Од денеска 21 декември, во Македонија и северната полутопка започна зимата, а на јужната полутопка започна летото.

Сонцето изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината е во фаза на полна Месечина.

Воедно, неделата на северната полутопка ќе биде најкраткиот ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум).

Од утре (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 21 јуни 2022 година.

 

Денеска вторник, 21 декември 2021 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

*фото Архива


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза