НА ДЕНЕШЕН ДЕН, СПРОТИ НОВАТА 1942 ГОДИНА, ЗА ПРВПАТ БИЛА ИСПЕАНА ДЕНЕШНАТА ДРЖАВНА ХИМНА „ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА“

На денешен ден, спроти Новата 1942 година, за првпат била испеана денешната државна химна „Денес над Македонија се раѓа“

На денешен ден во Струга, во куќата на Сотир Шута, спроти Новата 1942 година, првпат била испеана денешната државна химна „Денес над Македонија се раѓа“. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев

Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.

 

Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „… Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „… Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари…“ со „Одново сега знаме се веје…“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни 1943 година.

Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов, односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

Нотниот запис е утврден од Тодро Скаловски 1944 година.

Со уставот од 1991 година, химна на Република Македонија не беше усвоена туку тоа требаше да се стори со закон во рок од 6 месеци. За предлози за химна и за грб и знаме се објави јавен конкурс на кој пристигнаа 36 предлози за химна. Трите најдбори предлози беа „Химна“ од Таки Хрисик, „Денес над Македонија“ верзијата на Тодор Скаловски и „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов. Сепак набргу во процесот за избор на симболи, остана „Денес над Македонија“ како единствен предлог. Химната е изгласана на 11.8.1992 година.

извор: Википедија

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза