Во Гевгелија се одржа втората седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која се работеше по следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион;
-Извештај за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на Југоисточниот плански регион и основаното зедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ Струмица;
-Извештај за состојбата и активностите за изградба на регионална депонија за Југоисточниот плански регион односно воведување на регионално интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион;
-Донесување на одлука за примопредавање на проектот „Изградба на патот с. Зубово – с. Ново Село – с. Мокриево“;
-Разно;
-Регионалното организирање и планирање е алатка преку која суштински се вмрежуваме и заеднички ги решаваме проблемите. Го развиваме регионот заедно и настапуваме партнерски.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови