ПОВРЕМЕН СЛАБ ДОЖД И СО СЛАБ ЈУЖЕН ВЕТЕР

Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер ќе биде и во Радовиш. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза