ПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА НА ДВИЖЕЊЕ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ПОСТАВЕНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА – АМСМ препорачува

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 19.12.2021 година, регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман, поради наноси од снег, не е прооден за ПМВ.

ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 15.12.2021 г. од 10 часот мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година. Повеќе детали за задолжителната зимска опрема ќе најдете ТУКА .

РАБОТИ НА ПАТ:

СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип-Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена брзина од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.

СТРАБАГ АГ известува за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 делница Велес – Неготино, за изградба на клучка Градско како дел од автопатот А1. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон г. п. Богородица и во правец на г. п. Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

ЕСКАВАТОРИ- МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница : Куманово- Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

ГД Гранит врши рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир).

РАБОТИ НА ПАТ ВО СКОПЈЕ:

Ве известуваме дека на ден 25.08.2021 година (среда) поради изведување на градежни работи на дел од бул.Киро Глигоров, на потег од крстосноца со ул. Перо Наков до крстосница со ул. 15ти Корпус, ќе има измени на режимот за сообраќај односно комплетно затварање на коловозната лента каде што сообраќајот ќе биде пренасочен на спротивната коловозна лента и ќе се изведува двонасочно со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема.

 

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза