СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ПОЕЗИЈА – АЦО КАРАМАНОВ ЗА КАЛУДИЈА ПИЧИНО ОД ИТАЛИЈА

Пред три години, Меѓународната поетска манифестација „Караманови поетски средби“ и Центар за култура Ацо Караманов од Радовиш, ја промовираа Интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ“ за врвни поетски дострели во сферата на поетското творештво.

Во 2019 година оваа награда за прв пат ја доби големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон. Минатата година беше востановена и едицијата „Шестокрилеста птица“ и за прв пат беше објавена книга на поети коишто важат за врвни автори во светски рамки.Носители на оваа престижна интернационална поетска награда за 2020 г. беа познатиот виетнамски поет Мај Ван Фан и еминентниот  арапски поет Раед Анис Ал-Јиши од Саудиска Арабија. Беше објавена и книга – двокнижие со избор поезија од овие двајца извонредни поети:МАЈ ВАН ДАН – „НОВОГОДИШНО КАПЕЊЕ“ И  РАЕД АНИС АЛ-ЈИШИ „ЗАЧУДЕН БАРУТ“. Составувачи и уредници на оваа книга се  писателите Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска, која, воедно, ги препеа изборите од англиски на македонски јазик.

По предлог на селекторот за оваа награда – познатиот македонски поет Борче Панов, Советот на „Караманови средби на поезијата“ помеѓу триесетината автори од цел свет коишто ќе бидат застапени во Зборникот на 48 „Карамановите средби на поезијата“ кои оваа година бележат 54 години од своето постоење, одлучи Интернационалната награда „АЦО КАРАМАНОВ за исклучително поетско творештво за 2021 г. да ја добие италијанската поетеса КЛАУДИЈА ПИЧИНО.

Изборот од поезијата на Кладија Пичино ќе биде објавен на македонски јазик во наградената книга со наслов „ОТВОР ОД СВЕТЛИНА ВО КАТЕДРАЛАТА“ во препев на Даниела Андоновска-Трајковска и Борче Панов.

„Оваа поезија е сублимат на една човечка димензија во која радоста и тагата, мирот и немирот се како интерференција на звучната виљушка на двесет и првиот век во кој сѐ повеќе го губиме човекот и тонеме во глувоста на отуѓувањето во сите правци на падот на една планетарна цивилизација. Поезијата на Клаудија Пичино не се плаши да нѐ соочи со нашите стравови, напротив таа нѐ повикува да ги прифатиме и надминеме нашите промашувања, да застанеме зад штитот на нашата чистота како хумани битија, да си ја вратиме смелоста, повторно да го почувствуваме вкусот на адреналинот, да бидеме живи, дури и со храброста на гневот и како такви да го поврземе лакот на нашето човекување  со вознесот на нашата суштина на небото“ – нагласува селекторот во образложението за наградата Борче Панов.

Клаудија Пичино (Claudia Piccinno) е наставничка, поетеса и преведувачка. Родена е во Јужна Италија, но живее и работи во северниот дел од Италија. Објавена е во над 100 антологии, а е и поранешен член на жири комисии за доделување значајни национални и интернационални книжевни  награди. Пичино е национален раководител за Европа за Светскиот фестивал на поезијата (World Festival Poetry), ја промовира истанбулската култура во Италија како амбасадор на асоцијацијата „Ист Санат Арт“ (Ist Sanat Art Association). Има објавено 41 книги поезија меѓу кои има нејзини авторски книги, но и нејзини преводи на италијански јазик на познати поетски имиња ширум светот. Ја има добиено престижната награда „Stele of Rosetta” во Истанбул во 2016 година, “World icon for peace” (Нигерија, 2017), наградата Najiman (Либан, 2018), Global Icon Award 2020 for Writers Capital International Foundation, The light of Galata, Turkey 2021, Sahitto International Jury Award, Bangladesh 2021 и околу 250 награди од Италија за заслуги во областа на културата. Уредник е на меѓународното книжевно списание „Papirus“ во Турција и  меѓународното списание „Atunis“, но и на италијанското списание „Gazzetta di Istanbul“ коешто се печати во Истанбул. Пишува за електронски списанија и книжевни весници како што се Menabò, Verbumpress, Il Porticciolo. Нејзината вебстраница е: https://claudiapiccinno.weebly.com

 

 

ПРОГРАМА „48 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза