СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ОПШТИНИТЕ НА ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УСАИД

Денес во организација на ЛАГ Плачковица а во рамките на УСАИД проектот “Програма за развој на заедницата” се организираше прва средба на градоначалниците од четирите општини кои се дел од територијата на ЛАГ Плачковица со претставници од УСАИД Канцеларијата во Македонија, претставници од Мрежата за рурален развој (МРР) како носител на проектот претставници на ЛАГ Плачковица како партнери на проектот.

Домаќин на средбата беше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, а од другите општини присутни градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов, градоначалникот на општина Конче Златко Ристов.

На состанокот пред присутните се обрати Претседателот на мрежата за рурален развој Петар Ѓоргиевски и присутните ги запозна со целите на проектот, активностите како и очекуваните резултати од реализирањето на овој проект.

Со присутните беше разговарано за можностите за покренување на иницијативи за локален развој во руралните средини на територијата на ЛАГ Плачковица преку заедничко вклучување на сите чинители од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за подобрување на условите за живеење во руралните средини во овие четири општини.

 

Од страна на градоначалниците беше искажана поддршката за вклучување во проектните активности во “Програмата за развој на заедницата”

ЛАГ Плачковица

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза