Градоначалник на општина Радовиш Ацо Ристов донесе одлука за доделување на стипендии на 25 ученици од основното и средното образование за учебната 2021/2022 година. Според Правилникот за доделување на стипендии на ученици од основното и средното образование во кој беа наведени критериумите за избор на учениците и по распишаниот јавен конкурс за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш.
Се доделија вкупно 25 стипендии на талентирани ученици од кои, за VI до IX одделение во основните општински училишта во висина од 2,500 ден. како и стипендии на талентирани ученици од I-IV година во средното општинско училиште во општина Радовиш во висина од 3,000 ден. стипендијата учениците ќе ја добиваат девет месеци во учебната година.
ОДЛУКА (погледни или превземи)
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови