Учениците од проектот ACCESS при СОУ “Коста Сусинов” Радовиш, заедно со своите ментори проф. Катерина Сусинова и проф. Наташа Спасевска, повторно со нови активности. За да се обележи месецот на борба против болестите на зависност – месец ноември, во соработка со Организацијата на Црвениот крст од Радовиш, учениците беа присутни на панел дискусија на тема “Болести на зависност” или “Addiction diseases”.
Свое излагање или презентација имаа четворица панелисти, професионалци во својата област или поточно, полицискиот инспектор Борче Наќев, д-р Весна Јанковска, проф. по филозофија Јовица Илиќ и училишниот психолог Виолета Србакова.
Учениците беа активни слушатели, слушаа и заинтересирано прашуваа за пороците на денешницата пред кои младите луѓе често паѓаат во искушение. Експлицитно и во детали, секој од панелистите од свој аспект темелно ги објасни зависностите, болестите и последиците кои произлегуваат од нив, мерките и активностите за нивно препознавање и превенција од нив.
Учениците самите себеси се задолжија дека знаењето што го стекнаа на оваа панел дискусија ќе го пренесат до своите сокласници во најбрза можна прилика, а и секогаш ќе се трудат да кажат СТОП за болестите на зависност за себе и за своите другари.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови