УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ УЧЕСТВУВАА ВО ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ВОЛШЕБНИКОТ И ПРИЈАТАЛИТЕ“

Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ учествуваа во театарската претстава „Волшебникот и пријаталите“

Деновиве во Радовиш се одржа еден несекојдневен настан. Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш имаа можност да учествуваат во театарската претстава „Волшебникот и пријаталите“ којашто беше во продукција на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш во соработка со Дневниот центар „Порака“ од Радовиш. Учениците од нашето училиште заедно со нивниот ментор, а воедно и драматург Катерина Диманова Јованова на претставата ги покажаа своите извонредни таленти и се здобија со едно незаменливо животно искуство.

Психологот Виолета Србакова за процесот на создавање на овој непроценлив продукт кажа: „Возбудата помешана со гордост дека и тие можат е печатот кај лицата со попреченост, од дневниот центар „Порака“. Одговорноста со која ги прифаќаат задачите, упорноста со која ги повторуваат дејствата , нестрпливасто да се дојде на ред и да се одигра својот дел од улогата се за почит. Изградија однос полн со доверба кон средношколците од СОУ „Коста Сусинов“, ги вклучија во својот свет, горди дека се дел од една поголема слика. Знаат дека истата ќе дојдат да ја видат и други луѓе, надвор од нивното вообичаено опкружување.

 

Впечатокот кој го остава оваа аматерска театарска група е дека навистина секој може да оствори нешто повеќе од вообичаеното, само треба да му се даде шанса и да му се отвори просторот. Ќе треба да работиме на одржливост на позитивните искуства и практики, а ова е една од нив.“

СОУ „Коста Сусинов“

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза