“БОЖИЌНАТА ТРПЕЗА“ – ТРАДИЦИЈА КОЈА ТРАЕ ВЕЌЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ

На прагот на претстоечките Божиќни празници, оние кои даваат огомна надеж, кои во основа и суштина на Празникот значат, сите членови на семејството да седнат на една заедничка трпеза, која покрај подготвената храна, би требало да е полна со семејна топлина, хармонија, љубов, надеж, вера и безброј желби,  Art of Living Фондацијата во чии рамки делува International Association for Human Values (IAHV) во соработка со Општина Радовиш, како носители на иницијативата, поддржана од  библиотеката  “Браќа Милaдиновци“ – Радовиш,  деловната заедница,  невладиниот сектор и секој поединец кој би сакал активно да се вклучи со свој придонес, ја организираат Божиќната трпеза“.

 

Денес отуѓеноста како да го достигнува својот врв!

“Ако се отуѓам од себе си, кого и како да сакам“?

 

Ако во текот на својот живот, особено детството единката не била окружена со љубов, ако немала кој да ја научи да сака, ако не може да сака, ако нема што да сака, љубовта се врти кон човекот како автодеструкција.

Тоа е закон!

Таквото чувство создава празнина која многу тешко се компензира, а создава огромни проблеми во текот на животот. Во неможност да се справи со ваквите емоции човекот најчесто ги потиснува.  Потиснувањето пак создава огромно количество страв, ни малку природен,  дури патолошки.

Ако едно дете во своето детство не доживее љубов, ако не ја спознае Љубовта, ако чувството на Љубов не му стане блиско а преку тоа и разбирањето и прифаќањето на другиот, поинаквиот, на таквото дете во  периодот на адолесценција, во периодите на растење, созревање, матурирање во личност,  ќе му биде особено тешко  да ја доживува Љубовта, да ја развива емоционалната интелигенција, каде не би се чувствувало осамено, напуштено, изолирано, тешко и болно.

Да се постои, значи свесност за сопственото живеење со сите структури и содржини на животот.

Што е тоа што животот го поврзува со постоењето?

За жал денес сме сведоци, на како Адлер вели:

 “Празните семејства како придонес на сегашноста за иднината, каде секој се однесува како сака и прави што сака“.

Кога индивидуата ќе се најде во ваква состојба таа е дисфункционална, напната, негативна, интолерантна, латентно уморна, без животна, болна. Таквата енергија се шири наоколу во просторот креирајќи нездрав и ни малку позитивен абиент за креативно делување и позитивно решавање на животните проблеми и задачи.

Токму заради овие и многу други слични состојби во општеството, ја покренуваме иницијативата на “Божиќната трпеза“, преку која ќе ја креираме нашата колективна, општествена, повисока свесност и одоворност за оние семејства, наши сограѓани, кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи,  за достоинствено прославување на Бадниковата вечера и дочекување на Божиќ.

Имено, 4 јануари е отворен ден каде секој кој би сакал да ја поддржи активноста, може да донира прехранбени продукти (по свој сопствен избор), во просториите на градската библиотека Браќа Миладиновци .

Волонтерите,  поддржувачи на активноста ќе направат еднаков распоред на производите, ќе ги спакуваат во соодветни  пакети, кои на 5 јануари по претходно утврдена листа со релевантни институции, на најдостоинствен, спонтан и хуман начин ќе биде дистрибуирана до семејствата на кои би им била потребна и добредојдена.

 

Да покренеме БРАН НА СРЕЌАТА – започни од себе си!!!

 

Интересно е што наспроти општите уверувања дека парите се најважен  фактор за да бидеш среќен, многу сериозни светски социолошки истражувања покажуваат дека,  токму грижата кон блиските, негувањето на трајните човекови вредности, како на пример:

грижата, дарежливоста, емпатијата,  чувството на благодарност,  многу повеќе не прават да се чувствуваме среќни, од колку некои минливи работи.

 

Во уверување дека заеднички ќе се обединиме во грижата и обврската кон “другиот“, ве повикуваме активно да се вклучите во реализација на претстоечката активност.  Да ја продолжиме традицијата која трае веќе повеќе години.

 

Срдечно,

 

Теодора Костовска

Art of Living Учител

International Association for Human Values (IAHV)


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза