ОДРЖАНА ДИСЕМИНЦИСКА СЕСИЈА ЗА ДЕЦА ОД ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

На ден 29.11.2021год (петок) во ООУКрсте Петков Мисирков” – Радовиш се одржа дисеминциска сесија за деца од петто одделение. Сесијата беше прилагодена за децата, кои преку игра, разговор и дискусија, боење на амблемот се запознаа со организацијата и работата на Црвениот крст, како и развивање на чувства за емпатија, солидарност и помагање на другите.

Ние како Црвен крст имаме должност нашите најмали членови на општеството уште од мали нозе да ги учиме на хуманост и солидарност со другите, како единствени предуслови за градење на здраво и хумано општество. Дисеминациската сесија беше спроведена од страна на обучен ПХВ дисеминатор Новка Велева. – истакнуват од ОО Црвениот крст.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза