ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ-првиот снег во Радовиш!

Утрово радовишани се разбудија со првиот снег.

Студено, облачно и на места со врнежи од снег или дожд. Вакво време не очекува и денеска во првиот работен ден од оваа седмица.

Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег. Утре исто така ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Метеоролозите снег најавуваат и за во наредните денови, а снег во текот на целата ноќ врне и во Радовиш и Конче. Инаку според УХМР снежната покривка на некои места во Македонија е повеќе од 85 сантиметри, а новите врнежи од снег насекаде ќе ја зголеми покривката на уште поголемо ниво.

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА:

– Патен правец Крак Маврово – Дебар.
– Патен правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза