БЕЗБЕДНОСТА И СИГУРНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД РАДОВИШ И КОНЧЕ – ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА

Вчера се одржа работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, г-дин Ацо Ристов и на Конче, г-дин Златко Ристов, во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период, со цел координирано организирање и спроведување, превенција, рано предупредување и справување со евентуални поплави, снежни наноси и други видови на ризици и опасности.

Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните. На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.

Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и во контекст на регионално поврзување при справувањето со нив, со примат на превентивното дејствување. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

  1. Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстни што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.
  2. При евентуални ризици од снег и снежни наноси, студено време и студени бранови во нашата општина, доколку се процени дека е потребно да се посетат најкритичните места заедно сите претставници од надлежните институции, во рамки на реалните можности.
  3. Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани, да се провери мрежата на одводни канали и други водни објекти со цел утврдување на потребната водопропусност за нормален тек на водата како и за евентуални штети од поплавување кои може да настанат. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.
  4. Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

 

ЦУК


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза