НАГРАДЕНИ ЛИЦАТА КОИ ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ ГИ ФАТИЈА СВЕТИТЕ КРСТОВИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денес одржа прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш.

Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници.

Наградени беа следните момчиња:

  1. Раде Ефтимов (Раклиш)
  2. Костадин Цинцовски (Ораовица)
  3. Николче Тодоров (Подареш)
  4. Стојанче Цветков (Јаргулица)
  5. Драган Златков (Покрајчево)
  6. Дејвид Ѓоргиев (Злеово)
  7. Илија Василев (Калугерица)

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза