ТРАДИЦИОНАЛНА “БОЖИЌНАТА ТРПЕЗА“ КОЈА ТРАЕ ВЕЌЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ

Денес во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш беше поставена традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“.

Оваа хуманитарна акција е по повод Божиќните празници е под покровителство на општина Радовиш во соработка со Art of Living Фондацијата во чии рамки делува International Association for Human Values (IAHV), поддржана од  библиотеката  “Браќа Милaдиновци“ – Радовиш.

 

Основната цел на акцијата е да се мобилизира духот на заедништво, толеранција, грижата не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другиот, потребата за делење и подарување. Знаеме дека Божиќ сам по себе е молитва, дарување, милост, емпатија, простување, желба за мир и соживот истакнаа помагателите на оваа акција.

 

Инаку во хуманитарната акција се вклучија и голем број наши сограѓани и правни субјекти од општината  донирајќи прехрамбени производи кои со нивната љубезност, великодушност и хуманост се придружија да помогнат и ги разубават божиќните празници на оние семејства кои им е портебно. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза