ОБЛАЧНО СО ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА СНЕГ

Времето денес облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза