ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2021 ГОДИНА

Општина Радовиш распиша оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2021 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа

Во објавениот ОГЛАС се вели:

Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2021 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас. Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник. Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2021 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите  (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).

Рокот за доставување на пријавите е 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 14.01.2022 год.

 

Пријавите се поднесуваат на адреса: ЕЛС општина Радовиш

Комисија за култура, образование и спорт, Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За избор на спортист на годината

 

Општина Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза