РАСПИШАНИ КОНКУРСИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА И СПОРТСКИ КЛУБОВИ ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш распиша Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата за 2022 год. И Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2022год.

  • Период за доставување на документите е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со 21.01.2022 год.

Пријавите се поднесуваат на адреса: ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш со назнака: За јавен конкурс бр….

Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани -истакнуваат од Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш

 

Овде може да го погледнете: 

Јавен КОНКУРС за распределба на средства на Здруженија

Јавен КОНКУРС за распределба на средства на Спортски клубови

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза