СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Од петок следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

 

УХМР

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза