УЧЕНИЦИТЕ НА УЧИЛИШТЕ ОД 1-ВИ ФЕВРУАРИ

Зимскиот распут продолжен

Владата го прифати предлогот на кризниот штаб, учебната година да почне во второ полугодие на 1 следниот месец.

До 1 февруари, училишните клупи ќе бидат празни, а причината за продолжување на зимскиот распуст е што се наоѓаме во пикот на ковид заразата.

 

Во соопштението кое владата го пласираше во јавноста синоќа стои дека наставата со физичко присуство ќе биде продолжена од 1 февруари.

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

 

Сепак, дали ќе има продолжение на учебната година на крајот?

Во однос на ова прашање, предвидено е наставната програма да заврши регуларно односно на 10 јуни со тоа што наставните планови ќе бидат адаптирани за се да заврши до тој рок.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза