СВЕТСКИ ДЕН НА ХОЛОКАУСТОТ- 1945 црвената армија го ослободи Аушвиц

1945-та година црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна

Во резолуцијата на Светската организација со која се прогласува за Меѓународниот ден на холокаустот, се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.

Црвената армија во 1945.та година на 27 јануари го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. Оваа организација станала војска на Советскиот Сојуз по неговото формирање во 1922 година. Црвената боја во името се однесува на бојата на крвта која ја излеала работничката класа во својата борба против капитализмот. Иако Црвената армија во 1946 го променила името во Советска армија, луѓето од западот и понатаму го користеле терминот „Црвена армија“ и подоцна, на пример, во текот на Студената војна.

На петти септември 1944 година, Советскиот сојуз ѝ објави војна на Бугарија, која дотогаш беше на страната на Германија, депортираше Евреи и стори низа злосторства. На 8 септември истата година, Црвената армија ја окупираше земјата.

На 93 години во 2015.та година почина и последниот член на советската Црвена армија што учествувал во нападот на германскиот Рајхстаг, или зградата на парламентот во Берлин, кон крајот на Втората светска војна. Во негова чест, знамето на рускиот парламент беше заменето со Црвеното знаме.

Црвената армија е скратено име за Црвенaтa армијa на работници и селани (рус. Рабоче-Крестьянская Красная Армия), воооружена сила која ја формирале болшевиците во текот на Руската граѓанска војна во 1918 година.

Околу 90 отсто од жртвите во најголемиот концентрациски логор на Третиот Рајх беа Евреи. Холокаустот беше систематски прогон и убивање на Евреите, Ромите, Словените,… спонзориран од нацистичкиот режим во Германија преку спроведување на идеологија дека Германците се супериорни, а другите народи се инфериорна раса и нивниот живот не е вреден. Адолф Хитлер го нарекуваше обидот за нивно елиминирање „конечно решение“.

Во Аушвиц и во другите логори на смртта беа развивани посебни техники за убивање, од гасни комори до смртоносни експерименти на луѓе.

Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи. На 11 март 1943 година, 98 проценти од Евреите во Македонија се собрани во скопскиот Монопол, најголемиот број од Битола, Штип и Скопје и испратени во концентарцискиот логор Треблинка каде се убиени во гасни комори. Според податоците од Еврејската заедница во Македонија, денес во земјава живеат само околу 200 Евреи.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза