НОВО ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто во однос на oдлуката од 3 јануари.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на еуридизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,724 ден/кг.

 

Од 11.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,724 (денари/килограм)

 

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,051 отсто, кај дизелот за 4,978 проценти , кај екстра лесното масло за 5,03 и кај мазутот за 4,704 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,101 отсто.

 

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза