УЧЕНИЦИТЕ ЗАПОЧНУВААТ СО НАСТАВА ОД 1 ФЕВРУАРИ

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

Така одлучи вчера Владата врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, истовремено повикувајќи на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

 

Од УНИЦЕФ, пак, го повторија нивниот став дека затворањето на училиштата не би требало да биде прва реакција, туку тоа според нив би требало да следи откако се исцрпени сите други алтернативи.

Според нив, учењето на далечина треба да се применува само како крајна мерка, бидејќи покрај загубите во учење, тие забележуваат дека затворањето на училиштата имало негативно влијание и врз менталното здравје на децата и го зголемило ризикот од насилство.

„УНИЦЕФ повикува на национална солидарност со децата за отворени и безбедни училишта. Централната и локалната власт треба да ја зајакнат поддршката за училиштата со неопходни ресурси за да можат да ги применуваат докажаните превентивни мерки, да го надоместат пропуштеното учење и да воведат нови програми за поддршка на менталното здравје и благосостојбата на децата“, стои во нивната реакција.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза