Традиционално и оваа година во Општина Радовиш, на 19.01.2022 год. – Среда, ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици).
БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ ВО РАДОВИШ – Распоред на Богослужбите
18.01.2022 година (Вторник)
07:00 час. Утрена богослужба со литургија „Царски часови“ и Големиот Богојавленски Водосвет во двата Храма.
19.01.2022 година (Среда)
Храм „Св. Пр. Илија“ Радовиш
Храм „Св. Троица“ Радовиш
07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св. Пр. Илија“ Радовиш, и во Храмот „Св. Троица“ Радовиш.
10:15 час. Тргнување на литијата (поворката) од Храм „Св.Илија“ движење кон Храм „Св.Троица“ по улиците, до Храм „Св.Троица“ и движење кон базенот на комплексот Д-Клуб во Радовиш.
10:45 час. Пристигнување на базенот, осветување на водата и фрлање на Светиот господов крст во водата на базенот.
Сите оние кои ќе сакат да учествуваат влегувајќи во водите на базенот, потребно е да се пријават во Црквата „Св.Троица“ , но и да имаат лекарска потврда за здраствената состојба.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови