ГЛОБА ОД 40.000 ЕВРА ЗА РУДНИКОТ „БУЧИМ“ ПОРАДИ СТОРЕН ЕКОЛОШКИ ИНЦИДЕНТ

На ден 10.02.2022 година пред Комисијата за спогодување при МЖСПП е постигната Спогодба за плаќање глоба за сторен прекршок казнив по член 212ж став 1 т.1, а во врска со член 20 од Законот за животната средина во висина од 40.000 евра во денарска противвредност.

Глобата ќе се исплаќа на 4 еднакви рати почнувајќи од месец март заклучно со месец јуни 2022 година. – информираат од ДИЖС.

 

Оваа казна за Рудникот „Бучим“ од Радовиш била поради сторен еколошки инцидент, во октомври минатата година, кога истекла јаловина во Тополничка Река.

По пријава на инцидентот, од страна на Државен инспектор за животна средина бил направен вонреден надзор и беше задолжен правниот субјект да го стопира истекувањето и да го исчисти теренот, но остана одговорноста за која и се добила казна од ДИЖС.

 

Фото/ Извор ДИЖС


Глоба од 33.000 евра треба да плати и рудникот „Злетово“, поточно бугарската компанија „Булмак 2016“ од Пробиштип, кај кои лани во август Државен инспектор за животна средина утврди еколошки инцидент каде што беше забележано истекување на јаловина. Субјектот беше задолжен да направи санирање на еколошкиот инцидент и беше покрената постапка за прекршок од трета категорија за кој е предвидена казна од 100.000 евра, а за одговорното лице е 30 отсто од висината на глобата за правното лице.

– На 13.1.2022 година пред Комисијата за спогодување при МЖСПП е постигната Спогодба за плаќање глоба за сторен прекршок казнив по член 212ж, став 1 т.10 и 12, а во врска со член 151, став 1 т.1, 2 и 4 и член 198 став 1 т.42 и 43 од Законот за животната средина, во висина од 33.000 евра во денарска противвредност. Глобата треба да се исплати во рок од 90 дена од потпишувањето на спогодбата – велат од ДИЖС.

 

 

Информираат од Државен инспектор за животна средина

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза