ДЕНЕСКА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а  максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во Крушево 30 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Пожаране и Маврово 23 литри на метар квадратен, потоа во Крушево 20, Демир Капија 16, Струмица и Дебар 13, Скопје – Петровец 12, Тетово и Битола 11, а најмалку во Виница три литри.

Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи претежно од снег. Утрово врнежите се слаби и локални, претежно во источните делови.

Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. 

 

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза