Голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, присуствуваа на традиционалната манифестација „Спортист на годината“.
Комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2021-та година.
Поздравен говор на манифестацијата имаше Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов а потоа следуваше видео презентација на документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“.
По презентацијата, најпрво беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување на Атанас Ципушев од СРРК „Крап“ и Драги Коцев од ЖФК „Плачковица“ а потоа следуваа Плакетите на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ за спортски тренер на годината и на Перо Трајчев од КК „Бучим-Феникс“за спортски работник за повеќегодишна работа. Веднаш потоа беа доделени Плакети за науспешни спортски екипи на Боречкиот клуб „Бучим – Радовиш“ и Женскиот фудбалски клуб „Плачковица“.
Во продолжение од страна на Градоначалникот Ристов, беа доделени Плакетите за спортсти на годината на: Мемет Усеинов во категорија-пионери, Зорица Јованова и Арон Николов во категорија-кадети како и Плакетите на Благица Гоцевска од Џудо клуб „Сенсеи“ и Мирко Василев од Муаи Таи клуб „Комбат“ за Спортисти на годината – категорија Сениори.
На крај постхумно беше доделена Плакета на Зоран Мајсторски од Алпинистичкиот клуб „Плоча“ за врвни достигнувања во спортот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови