Општина Радовиш набави опрема за потреби за интервенција на ТППЕ Радовиш
„Продолжуваме посветено да се грижиме за опременоста на единицата која професионално ги извршува задачите околу спасувањето на граѓаните и нивните имоти при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди. Врз основа на планираното годишно набавување на противпожарна опрема а согласно Законот за пожарникарство, општина Радовиш изврши набавка на дополнителна количина на противпожарна опрема“.
Опремата е наменета за основните потреби за интервенција на ТППЕ Радовиш – информираше Градоначалникот Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови