ЗАПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Првиот работен состанок беше денеска одржан со партнерот, Здружението „ЦеПроСАРД“ од Скопје за новиот проект „Зелена топлина (Green Heat) – воведување на ефикасна услуга за централно греење, ориентирана кон корисниците, базирана на обновливи извори на енергија“.

Проектот кој е финансиран од Европската унија е преку воспоставување на систем за централно греење да се овозможи современа, еколошка, општинска услуга за греење на јавни згради која ќе придонесе за подобрување на условите за живот на локалното население преку воспоставување на пилот-единица во Општината Радовиш.

Овој систем кој ќе биде прв од ваков вид во земјата ќе се базира на локално најдостапните обновливи извори на енергија – сончевата енергија и биомасата, а ќе поврзе пет јавни згради и тоа: Детската градинка „Ацо Караманов“ – детско изворче, Основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“, Средното општинско училиште „Коста Сусинов“, Спортската сала „25 Мај“ како и општинската административна зграда.

Проектот предвидува формирање на локална група на клучни чинители која ќе учествува во процесите на донесување одлуки поврзани со воведување на новата услуга како клучен чекор за промовирање на учеството на јавноста во донесувањето одлуки воопшто.

Имплементацијата на проектот е организирана во повеќе активности вклучувајќи:

  1. Воведна фаза – која вклучува спроведување на истражувања и анализи;
  2. Воспоставување на услуга за централно греење преку мал, еколошки систем за греење базиран на ОИЕ;
  3. Градење на капацитетите на клучните актери одговорни за успешна испорака на новата услуга за греење и
  4. Промотивни активности за подигање на јавната свест за економските, социјалните и еколошките придобивки од новата услуга.

Проектот е финансиран од програмата IPA “EU for Municipalities” и неговото времетраење е од 15.01.2022 год. до 14.05.2022 год.

 

Информираат од Општина Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза