СКРАТЕНО ПРЕПОРАЧАНОТО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАРАНТИНОТ ОД СТРАНА НА СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лицата изложени на коронавирусот.

СЗО соопшти дека оние кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови.

Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10-от ден без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите нови привремени упатства.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза