На 09.02.2022 во 13.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Штип, со престојувалиште во Радовиш.
Тој се сомничи дека во јануари 2022 година сторил пет кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“ на подрачје на ОВР Радовиш и едно кривично дело „одземање на моторно возило“ извршено на подрачје на ОВР Неготино.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против М.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
СВР Струмица
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови