Во просториите на СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш учениците од ACCESS проектот и нивните ментори одржаа работилница со ученици од ООУ “Крсте Петков Мисирков” од Радовиш како дел од предвидените активности од проектот.
Повикани беа 15 ученици кои добро го користат англискиот јазик, заедно со нивниот наставник по англиски јазик Соња Митева, затоа што работилницата се одвиваше на англиски јазик.
Средношколците, членови на ACCESS, подготвија 2 интересни игри „Guess the secret American” и “Film Emojis” со што се поттикна тимската соработка, споделување на знаење и вештини, како и комуникација и дружење, и при тоа победниците беа наградени.
Во текот на оваа работилница се реализираа дел од целите на “Access”, која е две-годишна програма за стипендирање поддржана од Стејт Департментот на САД, во организација на МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование, а во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш.
Главна цел на програмата е изучување на англискиот јазик, и во сите овие активности се употребува англискиот јазик со цел за негово подобро изучување и користење надвор од училницата. Главен акцент во сите тие активности се става на:
– Културата и вредностите на САД
– Личниот развој на ученикот/ученичката
– Општествено-корисна работа во заедницата
– Компјутерски вештини
СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови