ФК ДЕТОНИТ ВО САБОТА ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ФК ПОБЕДА

 

ФК Детонит во сабота ќе го одигра натпреварот против моменталниот лидер на табелата од Втората фудбалска лига (Исток), екипата прилепска ФК Победа.

Терминот е резервиран во 14.00 часот на Градскиот стадион во Радовиш, каде што нашите детонитци ќе пробат и да се надеваме дека ке успеат да освојота нови бодови, потребни во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига.

Останува уште едно редовно коло наредниот викенд каде што нашите гостуваат во Житоше кај екипата на ФК Братство, а потоа дополнителна ждрепка од третиот круг на натпреварување.

 

Им посакуваме успех на нашите фудбалери!

 

Фото: Архива
Резултати/Табела: ФФМ

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза