Денеска во официјална посета на Радовиш беше Амбасадорката на Република Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ.
На остварената средба Градоначалникот Ацо Ристов ја запозна амбасадорката со информации за Општина Радовиш и нејзините потенцијали. На остварената средба се разговараше и за подршката која Хрватска ја дава на Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија.
Воедно се дискутираше за можностите за директна подршка во реализирањето на различни активности а заради решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочува Општина Радовиш на локално и национално ниво.
Амбасадорката на Република Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ, исто така во придружба на Градоначалникот Ацо Ристов го посети Храмот Св. Троица.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови