На плоштадот Св. Спасо Радовишки денеска имаше активност на Министерството за здравство за вакцинација против Ковид-19, преку караванот за вакцинација кој опфати 14 локални заедници во државата.
Граѓаните имаа можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Покрај активностите од карванот на плоштадот за вакцинација, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.
Овој караван за вакцинација е организиран од Министерството за здравство со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови