МОЗАИКОТ НА ДЕТСКАТА ФАНТАЗИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ШЕГАТА 1-ВИ АПРИЛ

Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април, и оваа година ќе биде одбележан на начин кој беше органзиран традиционално пред пандемијата, со мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат!

Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов’’ во соработка со воспитно-образовните установи на 01.04.2022 год. (Петок) ја организираат традиционалната манифестација „Априлијада 2022“ каде што е предвидена програма:

  • 10:30 час. – Дефиле на учесниците – место на тргнување бул. „Александар Македонски“ – пред зградата на општина Радовиш, движење по ул. „22 Октомври“ се до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“
  • 11:00 час. – Плоштад Св.Спасо Радовишки

-Поздравно обраќање

-Претставување на поединечни и групни маски

-Доделување на признанија и затворање на манифестацијата.

 

Заедно на плоштадот да уживаме во мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат.           

                

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза