Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска имаше средба со претставници од раководството на Здружението на Пензионерите.
Градоначалникот Ристов беше запознаен со престојните активности и планови кои треба да ги реализира оваа најмасовно здружение во општина Радовиш, а исто така беше разговарано за проблемите со кои се соочуваат пензионерите, подобрување на условите за живот и рекреација, како и поддршка на тековните активности кои ги имаат пензионерите од Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче.
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови