СОВЕТНИЦИТЕ ЈА РАБОТЕА СЕДМАТА СЕДНИЦА

Советиците во Советот на општина Радовиш вчера ја работеа седмата седница.

На оваа седница се работеше со однапред предложениот дневен ред од 36 точки, со што на предлози беа иземени три точки, а дополнети четири точки со што дневнио ред со преомените беше од 37 точки.

На тричасовната седница која се одржа во салата за состаноци на општина Радовиш советниците имаа можност да разгледат голем број на предлог-одлуки, заклучоци и програми при што сите предложени точки беа усвоени.

На оваа седница исто така беа формирани и новите комисии со додавање на нови членови и иземање на дел од советниците кои им престана мандатот. Седницата започна со Советнички прашања на што одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.

Поради оправданото отсуство на Претседателката на Советот Моника Ристевска, оваа седница ја водеше Заменик-Претседателот на Советот Страхил Гавритов.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза