СООБРАЌАЈОТ НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО ПО НАМЕСТА ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што известуваат од АМСМ, од 07:00 часот на ден 10.03.2022 година Регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце е непрооден за сите видови на моторни возила, поради снежна покривка.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза