СОСТАНОК НА ШТАБОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Денеска беше одржан вонреден состанок на Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш на добиената информација и пријава за исчезнато малолетно лице на 22.03.2022 година во 21:45 часот.

 

Началникот на Штабот Љупче Почивалец  информираше за настанатата ситуација и превземените мерки за пронаоѓање на исчезнатото малолетно лице. За време на состанокот беше добиена информација дека е пронајдено  веднаш по преземените активности.

 

На состанокот беа присутни именуваните членови на Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш, и поканетите лица од повеќе институции во општина Радовиш.

 

Извештај од СВР Струмица

Денеска (23.03.2022) околу 10.30 часот во атар на с.Покрајчево, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го пронашле малолетникот Д.И.(9) од с.Јаргулица, радовишко. На 22.03.2022 во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш, неговиот татко Љ.И.(41) пријавил дека тој се оддалечил од домот.

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза