Денеска по повод одбележувањето на денот на крводарителството и 17-ти Март Денот на основањето на Црвен крст на Македонија, во салата за состаноци во општина Радовиш, од страна на Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов беа доделени плакети на крводарители од општина Радовиш.
Градоначалникот Ристов заедно со Секретарот на ОО Црвен крст Радовиш Верица Беќарова им доделија благодарници на крводарители кои имаат дарувано 10, 30, 40, 50 и 60 дарувања на крв.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови