БОРАЧИТЕ ОД БК „БУЧИМ“ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов денеска беа домаќини на борачите и стручниот штаб на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“.

Приемот беше по повод успесите и освоените медали на Изборните и Државните првенства кои беа одржани во изминатите месеци во организација на Боречката федерација како и медалите освоени како дел од репрезентацијата.

За постигнатите успеси Градоначалникот Ристов им упати големи честитки,  изразувајќи огромно задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во нашата општина. Тој изрази надеж дека успесите на младите борачи ќе бидат се поголеми а во блиска иднина сите заедно да се радуваме и на европски медал.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза