ПРИВЕДЕНИ 4 ЛИЦА ЗА КРАЖБИ ВО ВИКЕНДИЦИ, МАРКЕТИ И КУЌИ: РАСЧИСТЕНИ 10 КРИВИЧНИ ДЕЛА

На 09.03.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Виница, лишени се од слобода Џ.У.(26) од Радовиш, А.И.(18), Е.М.(21) и С.И.(26), тројцата од Виница, поради постоење основи на сомнение дека на подрачјето на Виница извршиле 8 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, викенд куќи, маркет, пункт за отпад, 1 кривично дело „одземање на моторно возило“ и 1 кривично дело „кражба“.

 

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

 

*Фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза