На 27.03.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, М.Р.(26) од Радовиш пријавил дека околу 17.35 часот на место викано „Сирава“, во близина на село Подареш, радовишко, бил физички нападнат од В.В. и Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.03.2022 околу 22.00 часот во дворно место на В.Ѓ. во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, натоварено со бесправно исечени дабови огревни дрва, како и други огревни дрва кои претходно биле оставени во дворното место, а кои, исто така, биле без соодветна документација. Дрвата и возилата биле предадени на вработени во Шумска полиција Радовиш.
СВР Струмица
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови