70.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА РУДНИКОТ „БОРОВ ДОЛ“

Државен инспекторат за животна средина информираше дека е завршена постапка за спогодување за правен субјект ДПТУ БОРОВ ДОЛ, ДООЕЛ Радовиш и Спогодба за плаќање на глоба 70.000 евра во денарска противвредност.

Пред Комисијата за спогодување при МЖСПП на 28.02.2022 година е завршена постапката за спогодување за правен субјект ДПТУ БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш за сторен прекршок по член 212-ж став 1 точка 3 (за кој е превидена Глоба од 100.000 евра во денарска противвредност) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), а во врска со член 20 од истиот закон.

Глобата која треба да ја плати во Буџетот на РСМ горенаведениот правен субјект изнесува 70.000 евра (4.305.000,00 денари) со рок на плаќање на 6 еднакви рати почнувајќи од март, а завршувајќи во месец август 2022 година.

Инако оваа изречена глоба е во врска со неисполнување на обврските кон А интегрирана еколошка дозвола, каде што емисиите на супстанци определени во А интегрирана еколошка дозвола не се исполнуваат со определените гранични вредности –добивме информаци од Државниот инспекторат за животна средина.

 

 

Државен инспекторат за животна средина

 

*фото Google

Related Articles

Временска прогноза