77 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА (1945-2022)

Црвениот крст на Македонија е формиран на 17 март 1945 година; Црвениот крст на Република Македонија е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.

Како битни услови за признавање на националното друштво Црвен крст на Република Македонија се:

  • 1. Прифаќање на Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува наведените документи;
  • 2. Собранието на Република Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

Црвениот крст на Република Македонија е единствена организација на територијата на Република Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје.

Црвениот крст не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, невладина, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Македонија. Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и начинот на финансирање на задачите на Црвениот крст се уредени во посебен закон Закон за Црвениот крст на Република Македонија (Сл. Весник бр.41/94).

Со Статутот на Црвениот крст на РМ поблиску се уредени поставеноста и структурата на Организацијата како и основните цели и задачи и истиот е во согласност со Статутот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

 

Мисија: Црвен крст на Република Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Визија: Дејствуваме, поттикнуваме и промовираме хумани вредности за навремено да одговориме на современите хуманитарни предизвици, а притоа решени сме да направиме повеќе, да го направиме тоа подобро и да стигнеме подалеку – Црвениот крст на Македонија. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза